Гори градската депонија во Кочани

Облаци од густ и смрдлив чад се издигаат од градската депонија во близина на селото Бели на патот кон Спортско рекреативниот центар Пониква, а оттаму пак се шират по целиот планински предел, достигнувајќи дури и до оддалечените села во Осоговијата.
Чадот стигна и до Кочани, па граѓаните реагираа поради силниот мирис на изгорено.
- Она што можеше да се забележи на самото место е дека депонијата гори на повеќе места, а се забележуваат и високи пламени јазици што излегуваат од отпадот. Депонијата е во непосредна близина на селото Бели, реагира Илија Јосифов, жител на селото.

Од комумалното Јавно Претпријатие „Водовод“ кое стопанисува со депонијата истакнуваат дека редовно со механизација истураат земја на местото каде што се појавува пожарот, за да се оневозможи пристап на кислород и горење на пластиката и хартијата. Покрај ова се врши редовен надзор на самата локација,околината редовно се заорува за да се спречи ширењето на огнот. И покрај ваквите настојувања депонијата на повеќе места гори.
Општините од регионот преку Источниот плански регион донесоа програма за затворање на помалите депонии во општините и пренасочување на изнесување на сметот по општини. На кочанската депонија се планира депонирање на сметот како од Кочани така и од општините Виница, Зрновски и Чешиново Облешево, се до изнаоѓањето на дефинитовно решение за изградба на депонија за складинирање на одпадот од општините од Источна Македонија.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
