Последен крик на детето: Дедо, тракторот ми помина преку стомакот

-Дедо, тракторот ми помина преку мојот стомак. Ова беа последните зборови на Драган Ресимиќ (9) од Ивањица, кого го прегази трактор во селото Ерчег на Гоклија/
Трагедијата немоќно ја гледал неговиот дедо Миќан, кој заедно со таткото на детето косел во близина. Детето почина во болницата во Ужице.
Возилото не било изгасено
Несреќата се случи во саботата попладне, кога малечкиот Драган со таткото Обрен и дедото Миќан бил на планина. Детето во моментот на несреќата било само покрај тракторот. Извори од истрагата објавија дека дедото видел кога тракторот се помрдал но не успеал навреме да го спаси детето.
-На планина беа детето, таткото и дедото. Тракторот го оставиле паркиран покрај патот. Возилото било закочено, со подигната рачна кочница, а и клучевите не биле во бравата. Таткото косел малку подолу, а дедото отишол д аму помогне на синот. Велат дека дедото видел како тракторот тргнал низ ливадата. Почнал да трча и ког астигнал, го нашол детето како лежи на земјата, а тракторот не бил превртен. Детето било свесно и рекло дека тракторот му поминал преку стомакот. За жал детето починало во ужичката болница, велат извори од истрагата.
Од болницата велат дека не детето му немало спас, зошто имал тешки повреди од кои починал и покрај обидот за реанимација.
До несреќата дошло најверојатно поради тоа што детето додека било само се качило на тракторот и најверојатно згазнало на кочницата.
Ново на Сител
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
