Турција издаде налог за апсење на фудбалерот Хакан Шуќур
Обвинителството од градот Сакарија, во северозападна Турција, издаде налог за апсење на поранешниот фудбалер и пратеник Хакан Шуќур и на неговиот татко, кои се осомничени за „членство во терористичка организација“, јави турската телевизија НТВ.
Налогот е издаден во рамки на истрагата против лица поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Хакан Шуќур минатата година заедно со семејството замина да живее во САД. Доколку тој сега не се врати во Турција, по него ќе биде издадена меѓународна потерница.
Шуќур во Турција е обвинет и за навреда на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. За тој случај Обвинителството бара пресуда меѓу една и четири години затвор за поранешната фудбалска ѕвезда на Турција. Според обвинението, Шуќур го навредил Ердоган со коментари, објавени на 15 февруари минатата година на Твитер.
На парламентарните избори во 2011 година Шуќур беше избран за пратеник од Истанбул од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, а неговото име беше спомнувано и како можен министер за спорт. Тој се повлече од партијата во декември 2013 година.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата