Зголемено производството во ХЕ Шпилје и Глобочица

Во хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ во периодот јануари-јули произведени се вкупно 354 милиони киловат часови електрична енергија.
- Во ХЕ „Шпилје“ произведени се 218 милиони киловат часови електрична енергија што е за над 17 насто поголемо производство од планираното за овој период од годината. Што се однесува до годишниот план тој заклучно со јули е реализиран за 78,7 насто. И во ХЕ „Глобочица“ забележано е поголемо производство од планираното и тоа за 12,4 насто. Заклучно со јули произведени се 136 милиони киловат часови, што претставува реализација на годишниот план за околу 72 насто, велат надлежните од ХЕС „Црн Дрим“.
Во двете акумулации има солидна резерва за производство за електрична енергија што е гаранција дека добрите резултати ќе продолжат и во наредниот период.
- Просечениот дотeк во акумулацијата “Дебарско Езеро“ изнесува околу 30 додека во акумулацијата „Глобочица“ 22 кубни метри вода во секунда. И во двете акумулации има солидна резерва на вода за производство и тоа по околу 20 милиони киловат часови електрична енергија одделн, нагласуваат надлежните.
Според нив последните врнежи видно не влијаеја на зголемувањето на дотекот на вода, а со тоа и на водостојот на акумулациите во кои има доволно простор за прием на нови дотеци.
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
