-->
-->
Денеска е Св. маченик Калиник - Кажете ја оваа молитва и ќе се случат чуда
-->

Денеска е Св. маченик Калиник.
Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки. Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина. А откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело.
Кажете ја денеска оваа молитва:
"Маченикот твој Господе, Калиник, во страдањето свое го прими вечниот венец, од тебе нашиот Бог. Со неговата молитва спаси ги нашите души".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
