Кривопаланечки планинари се искачија на седумте Рилски Езера

Планинарска екипа од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка се искачи на седумте Рилски Езера на планината Рила во соседна Република Бугарија.
Седумте Рилски езера ги освои четириестчлената планинарска екипа од кривопаланечкото здружение „Калин Камен“, а искачувањето на највисокиот врв на седумте езера на надморска височина од 2.600 метри беше успешно, истакнуваат од здружението.
- Условите за планинарење беа исклучително поволни, со температура на воздухот од 17 степени целзиусови. Нашите планинари кои беа во мешан состав, со најмлад учесник од 10 години, без проблеми ја совладаа рилската патека и уживаа во божествената глетка на езерата Рибно, Долно, Трилистно, Близнак, Око, Бубрег, Ледено Езеро, изјави Драган Величковски, од организацискиот одбор на ЗПЗП „Калин Камен“.
Тој информираше дека годинава се реализирани петнаесетина акции, од кои четири меѓународни, од кои последната била на највисокиот врв на Пирин Планина, Вихрен.
- Особено сум горд што за релативно краток период постоење, околу 20. месеци зад себе имаме бројни интернационални, регионални и локални акции кои ги реализиравме во соработка со наши пријатели, колеги-планинари од здуженијата од соседните општини и држави. Според Годишниот план на здружението следува Меѓународното искачување на Руен кое го организираме како традиционална акција, додаде Величковски.
Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ брои 60 постојани членови, од кои најмладиот е 10-годишнен активен планинар.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
