Хуманитарна продажна изложба за настраданите во поплавите

Продажна хуманитарна изложба на повеќе од 30 македонски уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит) од неколку македонски градови ќе се одржи утревечер од 20 часот во арт-кафето „Концепт 37“.
Собраните средства ќе бидат наменети за настраданите од катастрофалните поплави и невремето кои го зафатија Скопје и околината.
- Во овие тешки моменти кога сме соочени со загуба на човечки животи и големи материјални штети најмалку што можевме да направиме е да ги повикаме уметниците да донираат по едно свое уметничко дело кое ќе биде дел од оваа изложба. Собраните средства од продажбата планираме да бидат исклучиво наменети за настраданото население од поплавите. Затоа ги повикувам сите кои би сакале и можат да помогнат да не посетат утре во арт-кафето „Концепт 37“ на улица Рузвелтова 37 и заеднички да помогнеме во оваа акција, изјави Владимир Лукаш, еден од иницијаторите на настанот.
Досегашните пријавени уметниците кои ќе бидат дел од овој хуманитарен настан се: Дороти Пачкова, Јана Јакимовска, Ивана Настески, Ана Миланова, Лилика Стрезоска, Биби Клечакоска, Ена Зафировска, Натали Ристовска, Ем Елефантски, Ана Петровска, Алма Идризи, Кристина Божурска, Александра Зиновски-Вилиќ, Викторија Попоска, Маја Кировска, Дафина Џепароска, Билјана Бинчев, Снежана Мелник, Жани Гелевска, Јана Ацевска, Руки Чуки, Нита Муча, Леа Варошанец, Маја Чанкуловска, Натали Николовска, Дијана Томиќ, Бапси Чулкин, Мелани Дигит, Симонида Филипова Китановска, Ненад Тонкин, Љубиша Камењаров, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Глигор Кузмановски, Никола Пијанманов, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Шопов, Сашко Илов – Дете, Владимир Лукаш, Лидија Георгиева и други.
За музичката поддршка на настанот задолжени ќе бидат Шурбе и Тони Димитров, најавауваат организаторите.
Ново на Сител
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
