Владата за две и пол години отвори 31 нова градинка
Поголема достапност, проширени капацитети, подобри услови. Расте бројот на градинки во земјава.
За две и пол години пуштени во употреба се 31 обејкт.Установите кои згрижуваат и воспитуваат деца се се побројни. Градинки се повеќе се отвараат во руралните средини и приградските населби. Со тоа се подобрува демографската слика и наталитетот во тие краишта, се олеснува животот на родителите кои ги транспортираа децата до најблискта градинка до градот.
- Во 2006та година во градинки биле сместени 15.600 деца што било 9.6% од вкупниот број на деца на таа возраст а во 2014 таа бројка е повеќе од двојно зголемена и изнесува 35 000 дечиња сместени во градинки што е 26.6% проценти, изјави вчера премиерот Никола Груевски.
Наскоро градика ќе добијат и жителите на Кисела Вода, Бутел, Припор, Илинден и Петровец,тука градежните работи се веќе започнати.
Три се веќе завршени и ќе се отворат во Босилово, Карбинци и Липково. До крајот на годината деца од предучилишна воздраст ќе се згриужуваат и во јегуновце, кавадарци, сарај, гостивар, охрид, пештани, кочани.
Од почетокот на годинава пак нови градинки сепуштени во Охрид, Кислеа Вода и Облешево.
Паралено изминативе години отворени се 21 приватна градинка и 14 центри за ран детски развој.
Со законот за трансформација на работниот однос 665 волонтери во градинките добија решенија з атрајно вработување а реализирани се и 400 нови вработувања..
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
