Во Крива Паланка се собираше помош за настраданите од невремето
Општинските власти од Крива Паланка, политичките партии, бројни правни и физички лица се одзваа на повикот за донации за помош на настраданите во невремето во Скопје.
Акција за помош и собирање средства организираше Унијата на жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка.
- Хуманоста ја покажаа буквално сите кривопаланчани, кои масовно се одзваа на повикот. Донираа градоначалникот, претседателот на Советот, но и голем број граѓани од приватниот сектор и физички лица. За три часа, колку што траеше акцијата, од 18 до 21 часот собрани се големи количини вода во шишиња, средства за хигиена и парични средства, она што во овој момент им е најпотребно на настраданите, изјави Елена Митовска – Давидовска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.
Таа изрази сочувство до семејствата на сите настрадани во катастрофалното невреме.
- Големо жалење до сите семјства, сочувство до семејството Велиновски до Крива Паланка, кое во оваа непогода трагично ги изгуби двата члена, мајка и малолетен син, додаде Митовска – Давидовска.
Во приправност се екипите на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка, Територијалната противпожарна единица, како и тимот за одговор и дејствување при катастрофи при Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка, кои како што информираа, се во постојана координација со Националното координативно тело.
Ново на Сител
-
Никол Кидман и Зак Ефрон во „A family affair“
-
Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија
-
Две пријави за семејно насилство во еден ден
-
Скопјанец нападнат од татко и син во Драчево
-
Куршум оштетил автомобил на млада скопјанка
-
Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата
-
Неготинец се удави во Охридското Езеро
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани