-->
-->
Рио 2016: Отворени 31.Летни Олимписки игри
-->

Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ ноќеска свечено беа отворени 31.Летни Олимписки игри. Ова се првите Игри што се одржуваат на јужноамериканскиот континент. Македонија во Рио ќе ја претставуваат ќе ја преставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасија Богдановски.
На овие Игри присутни се спортисти од 206 национални олимписки комитети, а своето прво учество ќе го имаат Косово и Јужен Судан.
Со намален буџет и значително помалку средства во однос на Лондон пред четири години, организаторите направија одлична церемонија.
Три теми доминираа на свеченото отворање – екологија, различноста и радоста. Немаше елементи од краневалскиот дел од Рио, поради тесните тунели на стадионот, а немаше нити бина и се беше на едно ниво на земја. Повеќе од 35.000 професионалци беа вклучени во церемонијата на отворањето, 12 школи на самба со повеќе од 5.500 костими. Своето место имаше и познатата „Девојка од Ипанема“. Режисерот на филмот „Градот на боговите“ Фернандо Меирелеш заедно со колегите Андруч Вадингтон и Даниел Томас беа задолжени за организацијата.
Дел од отворањето беше и една од напознатите манекенки на светот и една од „амбасадорите на Бразил“ Жизел Бундшен. Од здравствени причини го немаше еден од најдобрите светски фудбалери Пеле.
Игрите за отворени ги прогласи привремениот претседател на Бразил Мичел Тимер, а олимписката заклетва во името на спортистите ја даде бразилскиот спортист во едрење Роберт Шет.
Олимпискиот пламен на стадионот на стадионот го внесе поранешниот тенисер Густаво Куертен, а го запали бразилскиот маратонец Вандерлеј Кордеиро де Лима.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
