Посебен сообраќаен режим за празнувањето на Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце
За непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, во кумановско Пелинце и во центарот на Скопје, МВР најави посебен собраќаен режим.
Сообраќајниот режим во центарот на Скопје ќе почне на 2 август (вторник) во 9.30 часот, од кога затворени за сообраќај ќе бидат дел од улиците „11 Октмври“ и „Димитрија Чуповски“ - на потегот од крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, потоа ул. „Филип Втори Македонски“ - од крстосницата пред хотелот „Холидеј Ин“ до Градска болница, како и ул. „Даме Груев“ - на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до Собранието на Република Македонија.
Согласно мерките на СВР Битола, во Крушево посебен сообраќаен режим е предвиден за 1-ви и 2 август. Утре во периодот од 18 часот до полноќ ќе биде забранет сообраќајот за сите видови возила по главната сообраќајница во градот - од влезот на Крушево, место викано Стара бензинска, до крстосницата „Тагас“, а возилата можат да се движат заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен-куќата на Тодор Проески и месноста Гумење.
На 2 август ќе биде забранет сообраќајот по главната сообраќајница во периодот од 9 до 11 часот, а од 10 до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од местото викано Бензинска пумпа до месноста Мечкин Камен.
Забраната за сообраќај за трактори, земјоделски машини и запрежни возила ќе важи за 1-ви и 2 август од 00.00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп - Крушево и Демир Хисар – Крушево, а на 2 август ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. Исто така, на 1-ви и 2 август ќе биде забрането паркирање патнички и товарни моторни возила по главната сообраќајница во градот.
Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан во 11 часот на 2 август. МВР апелира до граѓаните кои планираат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10 часот, бидејки поради присуство на ВИП-гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Куманово и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег
-
Кривична против лице од Неготино за „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“
-
Москва му одговори на Зеленски за „заменски реквизити“, го нарече кловн и губитник
-
Гаши: До собранието се уште не е доставена оставка на Таравари, ниту предлог за гувернер
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер