-->
-->
Довел сирачиња во ресторан да јадат – Кога ја добил сметката се шокирал
-->

Оваа трогателна приказна доаѓа од Индија од хотелот Сабрин во градот Малапурам.
Акхулеш Кумар седел покрај прозорот на споменатиот хотел и ручал, а додека го јадел своето скапо јадење, здогледал сиромашно изгладнето дете како стои на улица.
Тој дал сигнал на детето да дојде во ресторанот. По пет минути, детето влегло заедно со својата сестра која ја држел за рака.
Тој ги запрашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале во неговата чинија и рекле дека би сакале истото што и тој. Кога завршиле со јадењето, Кумар го повикал конобарот за да му ја донесе сметката да плати.
Но кога конобарот ја донел сметката Кумар останал без текст, гледајќи што пишува на истата.
Тука стоела една голема НУЛА а под неа пишувало. Не постои каса која би можела да ја наплати оваа хуманост. Ви посакуваме се најдобро.
Многу трогателен гест кој покажува дека постојат хумани луѓе на овој свет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
