Средба на министерот Кучи со хрватската амбасадорка Баришиќ

Добрата економска соработка меѓу Хрватска и Македонија треба да се искористи за продлабочување на економските односи и иницирање нови заеднички проекти, беше порачано на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Дритон Кучи и хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ.
Хрватска е мошне важен трговски партнер за земјава и во 2015 година се наоѓа на 15-то, а за периодот јануари – мај 2016 е на 14-то место на листата на земји со кои Република Македонија остварува најголем обем на трговска размена.
Амбасадорката Баришиќ на министерот Кучи му врачи покана од неговиот хрватски колега Томислав Панениќ за претстојниот Самит на иницијативата на лидерите од Јадранското, Балтичкото и Црното Море, што ќе се одржи на 25 и 26 август во Дубровник, а на кој се поканети премиери и министри од 20 земји.
За министрите за економија заедничка тема на овој Самит ќе биде енергетиката, а целта на Самитот е отворање нови можности за трансатланска сорабока и реализација на стратегијата за пристапување кон ЕУ.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
