-->
-->
Фестивал на електронска музика во Радовиш
-->
На стрелиштето во Радовиш вечер ќе се одржи второто издание на фестивалот на електронска музика „Проект Калабалак 2016“.
На повеќечасовниот музички настан главен учесник ќе биде ултра-познатиот француски диџеј и продуцент Том Тајгер (Tom Tyger) кој ќе изведе 90-минутен сет со најголемите електро-хаус хитови. Како специјален гостин ќе настапи Весс (Wess) од Хрватска кој се смета за најбрза растечка ѕвезда на Балканот, а за комплетно музичко шоу ќе се погрижат најдобрите диџеи од Македонија, Мирок, Тодороф, Галоски, Ненат Омен и Зоки Поки.
Музичкиот настан е проект на здружението на граѓани „Проект Калабалак” а целта е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата