Македонија
22. July 2016 - 16:52

Нова поставка во спомен собата на Гоце Делчев

Обновена и осовремена спомен-собатата на Гоце Делчев во комплексот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. Новата музејска поставка содржи документи, фотографии, документарни и играни филмски материјали, уметнички дела поврзани со животот и делото на Делчев.

- Оваа музејска поставка е своевидно сведоштво за храброста, борбеноста, длабоката посветеност и придонесот на Делчев и неговите современици во чувањето на чистото македонско револуционерно дело кое го поттикна македонскиот народ да стане креатор на сопствената судбина. Уверена сум дека со оваа нова програмска содржина, комплексот „Св. Спас“ ќе стане информативен центар во кој ќе гравитираат голем број посетители, но и студенти, истражувачи кои ќе ги збогатуваат своите сознанија за познатите и непознатите предели од богатото македонско историско минато, изјави министерката Камчевска - Милевска.

Денеска беше промовирана и книгата „Создавањето на современата македонска држава“, од група автори,  посветена на периодот од втората половина на 19 век до крајот на 20-тиот. Новата поставка ја уреди стручен тим на Конзерваторскиот центар на Град Скопје, а автор на поставката е Румен Ќамилов. Спомен-собата може да се посети од 9 часот секој ден, освен понеделник.