-->
-->
Хрватски „развод“, Чилиќ бара нов тренер
-->

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ ја прекина соработката со својот тренер Горан Иванишевиќ.
Чилиќ и Иванишевиќ соработуваа од 2013 година, а во меѓувреме стигнаа до трофејот на грен слем турнирот во Њујорк. Чилиќ на УС Опен во 2014 година го победи во финалето Кеи Нишикори.
Наредната година Чилиќ играше во полуфиналето на УС ОПен, а во периодот на соработката со Иванишевиќ три пати играше четвртфинале на Вимблдон.
„Повеќе не соработувам со својот тренер Горан Иванишевиќ. Имавме многу успеси. За мене беше чест и привилегија да се работи со Горан, уживав во нашата соработка. Горан ми помогна да остварам некои од моите цели“, напишал Чилиќ на социјалните мрежи.
Марин Чилиќ во моментов се наоѓа на 12-то место на АТП листата, а најдобариот пласман го оставри по освојувањето на УС Опен, кога беше осми на АТП листата.
Оваа година сеуште нема освоени ниту една титула, играше две финалиња во Марсеј и Женева но не успеа да стигне до титулите. Во наредниот период Чилиќ ќе игра на Роџерс купот во Торонто, потоа на Олимписките игри и УС Опен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
