Бизнис
13. August 2015 - 20:17

Пензионерите го поздравуваат покачувањето на пензиите

Покачувањето на пензиите во септември најмногу ќе ги израдува пензионерите со најниски примања. Сите ќе добијат дополнителни 630 денари, но зголемувањето најмногу ќе се почувствува кај  оние кои имаат минимални примања,   вели претседателот на Здружението на пензионери од Шуто Оризари. Истакна дека постепеното покачување довело до многу повисоки суми од оние пред неколку години.

Бекир додаде дека пензионерите се задоволни од работата на Претседателот на Сојузот на пензионери Аргировски како и од грижата на Владата за зголемувањето на нивниот стандард, и ги отфрли обвинувањата на лидерот на ПЦЕР Ибраимовски кој излезе со критики за нивната работа.

Примањата на пензионерите растат речиси секоја година. Последното зголемување беше лани со мартовската исплата.