Трибина: Техничка исправност на тракторите за помалку несреќи

Земјоделските стопанства и производителите да ја подобрат техничката исправност на тракторите и останата механизација, порачаа учесниците на синоќешната трибина во Кавадарци.
Како што рече полицискиот инспектор Димитар Каракулев, сите сопственици на трактори и земјоделска механизација треба да дадат свој придонес за намалување на сообраќајните несреќи.
- Техничката исправност и светлосно-сигналните уреди се најважни за безбедноста во сообраќајот особено во овој период од годината кога се бере грозјето, нагласи Каракулев.
На почетокот на сезоната на гроздоберот, во Кавадарци синоќа беше реализирана превентивна трибина на тема „Учество на земјоделски трактори и приклучна механизација во јавен сообраќај".
Трибината ја организираше Одделението за превенција при Полициската станица од општа надлежност Кавадарци, а присуствуваа претставници на поголемите земјоделски стопанства кои имаат по четириесетина трактори, претставници на лозарите и земјоделци, претставници на општина Росоман, како и студенти од Факултетот за безбедност.
Општините Кавадарци и Росоман, беше нагласено, ќе се вклучат во кампањата за техничка исправност на тракторите.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
