Пукотници кај Марков манастир, жителите вознемирени

Вчера во 11.00 часот од страна на полициски службеници било пријавено дека заедно со службени лица од Шумска Полиција биле поставени на м.в.Марков Манастир кај продавницата и постапувале по ОА-Гора, при што патничко моторно возило „Рејсер“ без регистарски ознаки, управувано од засега непознато лице, а натоварено со бесправно исечено огревно дрво, на даден знак - Стоп не застанало и со возилото се обидело да го прегази полицискиот службеник.
Тогаш, истиот со службениот пиштол испукал во воздух два предупредувачки проектила, но возилото продолжило да се движи, на што испукал уште еден проектил, но во правец на патничкото моторно возило.
Потоа, полициските службеници заедно со службените лица од шумска полиција со возило се упатиле по него, при што на мв„Чуприја“ наспроти „Берович“, возачот го запрел возилото и пеш почнал да бега, на што полицискиот службеник испукал уште два предупедувачки проектила во воздух, но сторителот успеал да побегне.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
