Груевски: Инвестирани 470 милиони евра за патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион

Околу 470 милиони евра се инвестирани во патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Струга и струшко забележа дека главната инвестиција е во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, кој е во напредна фаза и треба да е готов до крајот на 2018 година.
- Се работи интензивно, ангажирани се огромен број работници, се пробива трасата и компаниите работат со полн ангажман на овој отприлика 50 - километарски автопат, рече Груевски.
Покрај овој автопат нагласи дека има и други крупни инвестиции во патната мрежа во овој регион како што е експресниот пат Охрид - Пештани и Требеништа - Струга кои треба да почнат да се градат кон средината на следната година.
- Значајно е да се спомене и обиколницата во Вевчани за која за две недели ќе почне постапката за изнаоѓање изведувач и ќе се вложат 23 милиони денари, а ќе биде многу значајна за жителите на Вевчани, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
