Таа е жена змеј: Пејачката два пати го победи ракот
Дона Арес пред неколку месеци објави дека по борбата со ракот повторно се соочила со оваа тешка болест. Пејачката не криеше дека злокобната болест повторно и се вратила, меѓутоа деновиве таа повторно со своите следбеници на социјалните мрежи сподели добри вести.
Пејачката повторно го победи ракот, а сите ги извести кога на социјалните мрежи постави фотографија од болница, а во описот додаде дека повторно ја добила битката.
-Оживеав! На нозе! По 8 дена полумртвило! Никогаш повеќе канцер! Финале 1:0 за мене! Морам да објавам, историски момент за мене!! Ве сакам!, напиша Дона на Инстаграм каде ја објави фотографијата.
Нејзините фанови беа пресреќни кога ги слушнаа овие вести, а ја искористија можноста да и честитаат за храброста.
-Браво лавице! Жена змеј! Драга, прекрасна, храбра! Ти си голем борец, се само некои од коментарите кои се најдоа под сликата на пејачката.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен