Кошарка
14. July 2016 - 11:17

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години вечер заминува на ЕП во Грција

 
Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години од утре до 24 јули ќе учествува на Европското Првенство од Б- Дивизија во Грција.
 
„Црвено-жолтите“ вечерва заминуваат за Халкидика каде ќе настапуваат во А групата заедно со репрезентациите на Португалија, Црна Гора, Ерменија и Грузија.
 
Распоред на натпревари во А-групата:
15 Јули Ерменија - Македонија (15:30 часот)
16 Јули Македонија - Црна Гора (13:15)
17 Јули Грузија - Македонија (13:15)
20 Јули Македонија - Португалија (13:15)
 
Селекторот Љупчо Малинков за овој турнир на располагање ќе ги има следниве кошаркари: Магдевски Андреј, Србиновски Дејан, Петровски Лука, Робев Дамјан, Цветковски Андреј, Георгиев Давид, Ефремоски Виктор, Зеќири Јетмир, Мемед Бесарт, Милков Милан, Шалев Мартин и Бакоч Филип.