Исповед на мажена жена: Еве зашто го изневерувам сопругот кој ме обожава!

Жена незадоволна од сексуалниот живот во бракот решила да проговори. Многу ја осудуваат поради одлуката да биде неверна, но на неа и треба промена.
Во исповедот објавен на порталот Дејли Стар, оваа жена признала дека никогаш не доживеала оргазам со својот сопруг и дека и фалат страсти во животот. Ова е нејзината приказна.
- Тој е сјаен, но помеѓу нас нема искри. Кога имаме секс јас мислам на тоа што ќе купам во наредниот шопинг или која песна ќе оди во позадина на мојот погреб. Ги испушта најлошите крици и потоа едвај прашува: „Како ти беше?“. Секако, секој пат го лажам дека било одлично.
Милам дека двајцата сме свесни на тоа дека нема да ме доведе до оргазам и непрестанато да водиме љубов до Божиќ. Последица на тоа е моето неверство затоа што нашата врска е проклето досадна. Горам за страст. Ми треба предизвик и малку грубости. Ми се допаѓаат мажи кои се тотална спротивност од мојот сопруг, кои се лукави и нескротливи.
Мојот сегашен љубовник бил во затвор поради кражба, а останатите биле измамници, широки во рамењата и трговци со автомобили. Свесна сум дека тие не се најдобар избор, но не можам против тоа. Со љубовникот имам неконтролиран секс и се чувствувам потполно исцрпена после нашата попладневна сесија во мојот брачен кревет.
Мојот сопруг се враќа касно навечер и тогаш воглавно се правам дека спијам. Грижата на совест ме јаде.
Неодамна бевме на забава и слушнав како му кажа на пријателот дека ме сака со целото свое срце и дека не би поднел ако нешто ни се случи. Се чувствувам ужасно и не знам што да правам, го завршува исповедот.
И жените и мажите скокнаа да ја напаѓаат поради тоа што му го прави на сопругот. Што би направиле вие во ваква ситуација?
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
