Канческа Милевска присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Дубровнички летни игри“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на покана на хрватскиот министер за култура, синоќа присуствуваше на свеченото отворање на 67. издание на реномираната манифестација „Дубровнички летни игри“ во Дубровник, Република Хрватска.
Свеченото отворање на оваа манифестација, која е една од најеминентните во пошироки рамки, соопшти Министерството за култура, беше доверено на светски познатиот тенор и диригент Хозе Кура од Аргентина, кој е интернационално прочуен по своите интензивни и оргинални интерпретации на оперските ликови, особено на водечката ролја Отело во истоимената опера на Верди.
На „Дубровничките летни игри“ од 10 јули од 25 август на 20-тина амбиентални локации во Дубровник ќе настапат повеќе од 2000 уметници кои ќе изведат 70 различни уметнички програми.
Министерката за култура Канческа-Милевска, која престојуваше во еднодневната работна посета на Република Хрватска, до нејзиниот хрватски колега Златко Хасанбеговиќ упати и покана да биде гостин на годинашното издание на најзначајната музичко-сценска манифестација во нашата држава, фестивалот „Охридско лето“, како и на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
