Пешевски: Ефектите од субвенциите на странските инвестиции повеќе од позитивни

Ефектите од субвенционирањето на странските инвестиции се повеќе од позитивни, а треба да се гледаат не само во моментов, туку дологорочно и во однос на целокупниот економски развој, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Странските вложувања, истакна Пешевски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со менаџерскиот тим на Barracuda FX, носат нешто сега, но и многу работи за во иднина.
- Самиот факт дека имаме раст на економијата, а зголемување бележи и бројот на вработени, зборува за позитивниот ефект на субвенциите за странските инвестиции. Лани имавме најголем пораст на вработени на ниво на странски инвестиции во Европа, преку 200 отсто од странските инвестиции се зголемија. Тоа укажува дека ефектите се позитивни, нагласи вицепремиерот.
Етаблирањето како таргет-дестинација за инвестирање и доказот дека странски компании тука можат да работат успешно, укажува, додаде Пешевски, дека Македонија веќе ја зацврснува оваа позиција, на дестинација на странски вложувања, и постепено, со развивање локални компании како добавувачи, сегашните позитивни ефекти, ќе бидат уште попозитивни.
Порано, нагласи, не можеше да се забележи гринфилд инвестиција во Македонија, се случуваа само приватизации.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
