Помошникот државен секретар на САД Нуланд во понеделник во Скопје
Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, во понделеник ќе ја посети Македонија.
Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество.
На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето услови за кредибилни избори.
Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228