-->
-->
ЕП 2016: Гризман ги засени сите!
-->

Напаѓачот на Франција, Антоан Гризман, без сомнение е најдобриот поединец на Европското првенство. Напаѓачот на Атлетико Мадрид ги постигна двата гола во полуфиналето против Германија и ја однесе својата репрезентација во финалето.
Гризман, во досегашниот тек од ЕУРО 2016 има учинок од шест гола и две асистенции и речиси е сигурно дека ќе ја добие „Златната копачка“, како најдобар стрелец на турнирот, бидејќи најблиските конкуренти соиграчите Жиру и Паје, односно противниците во финалето Кристијано Роналдо и Нани имаат постигнато по три гола.
Гризман против Германија одигра одличен натпревар, имаше 58 допири со топката, седум удари кон голот на Нојер.
Напаѓачот на Франција, постигна два гола, шест во досегашниот дел од турнирот и стана првиот играч по Мишел Платини во 1984 година, кој на континенталните првенства постигнал повеќе од пет гола.
Инаку на вечната листа на чело се Платини и Кристијано Роналдо со по девет голови. Платини сите свои голови ги постигна на првенството во 1984 година, додека Кристијано Роналдо головите ги постигнувал на четири европски првенства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
-

Активни четири пожари и четири под контрола
-

Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години
-

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“
-

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
