Почнаа обуките за бесплатно изучување странски јазици
Почна бесплатната обука за изучување странски јазици наменета за младите невработени лица до 29 години. Англиски, германски и француски се јазиците што ги бараат домашните и странските инвеститори при вработување на нови кадри. Од таа причина државата помага за доквалификација на невработените.
Од Агенцијата за вработување информираат дека вкупно се пријавиле 818 кандидати. Планирано е бројката да достигне 1000 лица кои ќе се обучат. Апелираат сите заинтересирани да се пријават.
-Од она што го видов денеска, има доста мотивирани млади луѓе кои сакаат да научат странски јазик и да постигнат некое ниво на знаење со што би си го олесниле своето вработување. Се надевам дека и овие групи што почнаа од 1 јули, претежно млади до 29 години, многу брзо ќе најдат работа, егзистенција за себе и за своето семејство, нагласи директорот на АВРМ.
Обуката опфаќа 30 часа од по 90 минути. Заинтересираните може да се пријават во 30 те центри за вработување низ државата. Услов за да почнат предавањата е да се оформи група од 10 лица. Паралелно течат и бесплатните обуки за компјутерски вештини.
Од 2011 до лани бесплатни курсеви за странски јазици поминале над 5300 кандидати. Од нив речиси 2500 се вработиле.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
