-->
-->
Детали за страшната сообраќајка кај Пресека, седуммина тешко повредени
-->

Седум лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што денес утрово во 9 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на планинскиот превој „Пресека“.
Поради сериозноста на здобиените тешки повреди, на Ургентниот центар во Скопје испратени се И.А. (21) и М.С. двајцата од Скопје, Б.С.(25) од скопското село Глумово и Д.В. од струшкото село Лабуништа. Со сериозни тешки повреди, во болницата во Св.Еразмо во Охрид, префрлени се Д.А. и М.Ш. и двајцата од селото Лабуништа и Н.А. (46) од селото Глумово.
-Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од М.В.(51) од струшкото село Лабуништа кое по магистралниот пат се движело од Охрид кон Кичево и патничко возило „Голф“ со македонски национални ознаки управувано од И.А. кое се движело во спротивниот правец. При разминување на двете возила, се случил судар на нивните предни леви страни, информираат од СВР Охрид.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител, крим техника и полициски екипи од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од Кичево.
За време на увидот имало мал прекин на сообраќајот, а потоа физичко регулирање од полициски службеник со наизменично пропуштање на патничките и другите моторни возила.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
