Реконструирана улицата број 5 во Сарај

Со средства од Град Скопје, реконструирана е улицата со број 5 во општина Сарај.
Улицата во употреба денеска ја пуштија скопскиот градоначалник и градоначалникот на Сарај Коце Трајановски и Беким Мурати, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Синиша Ивановски.
Коловозот на оваа улица, како што рече Трајановски, беше многу оштетен и на места раскопан по поставувањето на фекалната канализација.
- Со овој зафат, улицата број 5 е реконструирана во должина од 600 метри и со ширина од 5 метри, на вкупна површина од 3.000 метри квадратни. Во текот на градежните работи стариот и оштетен асфалтен слој на оваа улица е отстранет, нанесен е тампонски слој и нов асфалтен слој, рече градоначалникот Трајановски. Додаде дека за реконструкцијата Град Скопје одвои околу 3 милиони денари.
Градоначалникот Мурати потсети дека на почетокот на годинава се реконструираше и главната улица во Шишево и изрази надеж дека ќе продолжи реализацијата на инфраструктурни проекти со кои ќе се подобри животот на жителите.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
