Фудбал
6. July 2016 - 12:20

Полјакот Глик во Монако

Репрезентативецот на Полска Камил Глик (28) е нов играч на францускиот прволигаш Монако. Глик потпишал четиригодишен договор, а Монако за неговиот трансфер на Торино му плати 11 милиони евра.
 
Глик на Европското првенство, кое сеуште е во тек, ги одигра сите минути за својата репрезентација. Полска на ЕУРО 2016 беше елиминирана во четвртфиналето од Португалија, дури по изведувањето на пенали.
 
Глик изминатите пет сезони играше во Торино, а претходно бил член на Палермо, Бари и Пјаст.