-->
-->
ФА „Кочани“ на „Добриничко културно лето 2016“ во Добриниште, Бугарија
-->

Триесетина членови од фолклорниот ансамбл „Кочани“, како единствени претставници од Република Македонија, учествуваа на културната манифестација „Добриничко културно лето 2016“ што се одржа во градот Добриниште, во близината на Банско, Република Бугарија.
Тони Манасиев, раководител на ФА „Кочани“ од Кочани денеска информираше дека настапиле со стилизиран фолклор од повеќе краеви на Македонија.
- Помалата група која ја импресионираше публиката настапи со сплетовите „Тропнало“, „Црногорски“ и „Водарки“, додека повозрасната група играорци се престави со сплетовите „Видарки“ и „Егејско“, изјави Манасиев.
Фолклорниот ансамбл од Добриниште наесен се очекува да учествува на манифестацијата „Кочански денови на оризот 2016“ со целовечерни концертиво Кочани и Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
