СОРОС со ново движење самостојно ќе оди на избори?
СОРОС готви ново политичко движење. Како што дознава Сител незадоволството по развојот на настаните и враќањето на СДСМ во институциите ги поттикнало луѓето во СОРОС на претстојните предвремени парламентарни избори да истрчаат со сопствени кандидати.
Нашите извори велат дека веќе на големо се регрутираат луѓе од базата на Бихаќка кои не се согласуваат СДСМ да ја игра улогата на конструктивна партија.
Ваквиот развој на настаните го навести и самиот Владимир Милчин кој на социјалните мрежи порача дека без СОРОС СДСМ би била конструктивна опозиција
„Амнестија за СДСМ, доколку се ослободи од „соросоидите од подземјето кои бараат власт без избори“ меѓу кои спаѓаат и Заев и Шеќеринска. А потоа на СДСМ ќе му биде дозволено да ја игра улогата на конструктивна опозиција, параван зад кој ќе се прикрива фактот дека Македонија е еднопартиска држава во која командува Груевски!“ – напиша Милчин на социјалните мрежи.
Незадоволството на луѓето во СОРОС почна да ексалира кога по огромните суми кои ги вложија во политичката криза, СДСМ реши да им го сврти грбот и под притисок на меѓународниот фактор да се врати во институциите. Иако не може да се пресмета точната бројка, експертите велат дека СОРОС во мисијата доаѓање на власт без избори ја обезбеди целата логистика за СДСМ од обука на кадри за вршење државен удар во соработка со агенцијата Канвас па се до организација на протестите пред Владата на 17 мај.
Според нив, враќањето на СДСМ во парламентот оваа есен ќе значи силен удар за невладината на Милчин која како што велат, има моќ само кога политиката се води од улиците.
Во таква ситуација, чадорот невладини размислува за формирање на нова политичка партија која ќе и се спротивстави на актуелната власт на претстојните избори.
Но партијата на СОРОС очигледно нема да биде единствениот нов политички субјект на априлските избори.
За изборна трка се готви и екс градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски кој веќе интензивно ангажира дел од членството на СДСМ кое припаѓа на интелектуалното крило на партијата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
