Десетици илјади Британци во Лондон искажаа приврзаност кон ЕУ
Десетици илјади Британци денеска искажаа љубов кон Европската унија по улиците на Лондон, девет дена по референдумот на кој земјата изгласа Брегзит, пренесе БТА.
Поданиците на Нејзиното Височество покажаа голема имагинација за да кажат „не“ на Брегзит, веејќи стотици европски сини знамиња со жолти ѕвезди, гумени срца на кои беа испишани слогани како „Ќе ни недостасуваш ЕУ ", „Вие си играте со нашата иднина" и најчестите - „Те сакам, ЕУ ".
Имагинацијата се покажа и во изборот на песните кои ги пееја: "Don`t brexit my heart" наместо хитот на Елтон Џон "Don`t break my heart" или "Never gonna give EU up" наместо „Never gonna give you up " на Рик Естли.
Учесниците во демонстрациите, од кои многумина облечени во сино или завиткан во европски знамиња, пееја „Хеј, ЕУ" наместо „Хеј, Џуд" на Битлси и Одата на радоста на Бетовен - химната на Европа.
При секое поминување на автобуси со отворен покрив, кои обично превезуваат туристи во британската престолнина, демонстрантите аплаудираа и извикуваа „ЕУ, ние те сакаме".
Повеќето велеа дека сонуваат за „Бреверс" - од Брекзит и "Реверс" (назад).
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава