Акции на турската полиција против ќелии на ИД во Истанбул и Измир

Турската полиција денеска уапси деветмина осомничени џихадисти, во рамки на одвоени акции против ќелии на групата Исламска држава (ИД) во градовите Истанбул и Измир, јави агенцијата Анадолија.
Акциите следуваат по завчерашниот терористички напад на истанбулскиот аеродрим „Ататаурк“, при кој загинаа 42 лица, а над 230 беа ранети.
Според извори во турската полиција, припадници на полицските антитерористички единици и на специјалните сили извршиле претреси на неколку локации во истанбулските населби Пендик, Башакшехир и Султанбејли.
Во операцијата пак во три населби во Измир се приведени девет лица, кои се осомничени за врски ИД во Сирија. Тие се обвинети за обезбедување финансиски средства и логистика за ИД и за регрутирање џихадистички борци.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
