Лекарската комора го поздрави зголемувањето на капитацијата за матичните лекари
Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) денеска преку соопштение ја поздрави реализацијата на одлуката за зголемување на капитацискиот бод од 50 на 55 денари, при што матичните лекари ќе добијат 10 отсто зголемување за поквалитетна грижа за здравјето на пациентите.
По договорите со Лекарската комора на Македонија и направените пресметки, одлуката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за зголемување на капитацискиот бод е донесена кон крајот на минатата година, со најава дека ќе почне да се применува од 1 јули, наведуваат од ЛКМ.
Со корекцијата на капитацискиот бод ќе бидат опфатени повеќе од 1.500 тимови на матични лекари кои што работат во над 1.080 ординации со кои ФЗОМ има склучено договор.
Последното покачување на капитацискиот бод за матичните лекари беше направено во 2011 година, кога тој од 45 е зголемен на 50 денари.
Зголемувањето на капитацискиот поен, според очекувањата, треба да обезбеди и подобрување на состојбата во примарната здравствена заштита, а тоа, несомнено ќе се рефлектира и на подобрување на квалитетот на здравствените услуги на осигурените лица, односно граѓаните.
Лекарската комора во натамошниот период ќе работи на подобрување на условите во кои работат лекарите, нивната финансиската состојба и ќе настојува низ преговори со ФЗОМ, Министерството за здравство и други надлежни институции, да обезбеди подобрување на квалитетот на здравствената заштита. Одлуката за корекција на бодот, според зацртаната процедура ја верификува Управниот одбор на Фондот, а стапува на сила по добивање согласност од Министерот за здравство и се објавува во Службен весник на Република Македонија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото