„Економист“: Британија по Брегзит е како брод во бура без кормилар

Велика Британија по референдумот за излегување од ЕУ, наликува на брод кој плови низ бура, без било кој да управува со кормилото, пишува лондонскиот неделник „Економист“.
Во својот редакциски коментар, посветен на ситуацијата во земјата, по референдумот за Брегзит, весникот забележува дека Велика Британија наеднаш остана без премиер, опозицијата се занимава со себе и со соборувањето на нејзиниот лидер, а групата која ја водеше кампањата за заминување од Унијата, не е едногласна околу тоа како да се изведе разделувањето и што тоа воопшто значи.
- Групата за Брегзит признава дека нема никаков план околу заминувањето од ЕУ, ниту пак сака таа да ја преземе одговорноста околу изготвувањето план за преговорите со Брисел, за разделувањето. забележува весникот, потсетувајќи дека во владејачата партија ќе има лидерски вакуум најмалку до почетокот на октомври, кога се предвидува да биде избран наследникот на премиерот Дејвид Камерон по неговата оставка.
Опозицијата која во нормални прилики би повикала на отрезнување и на брзо разрешување на новонастаната ситуација, се соочува со внатрешни делби и меѓусебни обвинувања, па наместо за референдумот и за тоа што понатаму, се занимава со внатрепартискиот пуч против лидерот Џереми Корбин.
Весникот вели дека освен што план за по референдумот нема групата за Брегзит, изгледа дека таков план нема ниту Владата, која сака целата работа да му ја префрли на новиот премиер и лидер на конзервативците.
Нов лидер бара и опозициската Лабуристичка партија, додека ЕУ инсистира работата околу британското заминување да почне веднаш и да трае најмногу две години.
Внатре во Велика Британија прв пат јавно се манифестира ксенофобија и расизам кон европските мигранти, додека Шкотска веќе зборува за нов референдум за отцепување, а во Северна Ирска дека Договорот од Стормонт не важи по заминувањето од ЕУ..
Во една ваква ситуација, може да се случи Велика Британија да води преговори со „привремен“ премиер кој ниту ќе има визии како да преговара, а ниту мандат за да носи далекусежни решенија, што прв пат ја прави земјата да наликува на брод без кормилар, кој плови низ силна бура, констатира лондонски „Економист“.
Ново на Сител
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
