Вежба за гаснење пожар на брод и спасување давеници во Охридското Езеро

Во водите на Охридското Езеро денеска беше изведена практична вежба со импровизиран пожар на брод во кој има лица со изгореници и патници, кои се наоѓаат во вода како давеници.
Во акцијата учествуваа 50-тина припадници на повеќе надлежни служби, а според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски помина во беспрекорна координација и професионалност во извршувањето на предвидените задачи.
- Со тоа покажавме како служби, но и како град дека сме подготвени за беспрекорна безбедност на вода. И оваа сезона Охрид ќе пружи мирно лето за сите гости, туристите, но и за охриѓани, рече Димоски.
Инспекторот за противпожарна заштита при МВР Зоран Нешкоски оцени дека вежбата била сублимат на сите знаења и професионалност, на институциите вклучени во безбедноста на вода.
- Сметам дека оваа вежба беше еден сублимат на сите знаења и професионалност и успешно беше изведена пред почетокот на туристичката сезона во Охрид, истакна Нешкоски, посочувајќи дека со експертите од Хрватска кои беа присутни ќе направат анализа и ќе ги отстранат евентуалните неправилности во акцијата.
Одличната соработика и координација со релевантните институции придонеле во начинот на делување, смета Антонио Додевски координатор за одговор при катастрофи на единиците за спасување на вода и планина при Црвен крст-Охрид.
- Во последните неколку години имаме одлична соработка и кооридинирана активност меѓу релевантните институции и невладините служби што вродува со плод. Повеќе од 10 години сум вклучен во оваа проблематика, но можам да константирам дека последните две-три години навистина имаме напредок во начинот на делување само со координираноста. Не сме повеќе опремени од порано но со координирана активност можеме поефективно и поефикасно да се справиме, изјави Додевски.
Практична вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“ ја организираше Министерството за внатрешни работи, а ја реализираа претставници од Единицата за специјални задачи, СВР Охрид, езерската полиција, Капетанија на пристаништа, Територијалната противпожарна единица, Црвениот крст и екипи на Брза помош.
Ново на Сител
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
