Свет
23. јуни 2016 - 18:37

Убиен напаѓач на кино во Германија, нема повредени

Оружен и маскиран маж, кој денеска отвори оган во кино сала во германскиот град Фирнхајм, е убиен во полициска акција, изјави портпарол на германската полиција.

Напаѓачот во еден момент држел заложници, но во инцидентот немало повредени.

Вооружениот напад се случил во кино салата „Кинополис“ во Фирнхајм, во близина на Франкфурт. Напаѓачот имал пиштол и појас со муниција, а по отворањето оган се сокрил во кино салата заедно со заложниците.

Претходно германските медиуми објавија дека во нападот има повредено меѓу 20 и 50 луѓе, главно од солзавец кој го употребил напаѓачот, но подоцна оваа информација е демантирана од полицијата.