Премиерот Емил Димитриев на Ифтар вечера во Велес
Во рамки на рамазанските пости синоќа во Велес се одржа Ифтар вечера, која ја организира велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.
Премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на вечерата, упати честитки до исламските верници за светиот месец Рамазан.
- Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го препознава од дамнина уште од Крушевскиот манифест, кој е еден од најавтентичните граѓански акти кои нашата организација го има донесено од минатото, како и од политиката која сега ја спроведуваме,потенцира Димитриев.
На дело покажуваме, додаде, дека оваа партија прерасна во граѓанска партија во која се обединуваат сите етнички структури.
- Како верник немам проблем да живеам со вистински верници од различни вероисповеди. Мене ме загрижуваат луѓе кои недоволно ја познаваат верата и се предмет на структури кои не мислат на добро за иднината на земјава. Затоа давам силна поддршка на учењето на верските доктрини, на нормите на сите религии кои егзистираат во Македонија, бидејќи тие проповедаат мир, соживот, соработка. Тоа е богатство на Македонија како мултиетничка држава и треба да го одржуваме, а овој месец нека ви помине со позитивни мисли и добри дела, порача премиерот Димитриев.
Благодарност за организирирањето на Ифтар вечерата упати Нијаз Мустафовски, оџа од Велес.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница