Уставниот суд ја одложи расправата за одлуката за поставување крст во Бутел
Уставниот суд денеска ја одложи расправата по иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел.
Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на општината.
Поставувањето на крстот беше прекинат со протести и реакции на политичките партии на Албанците.
Проектот за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес.
Судот на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија на 30 јули 2012 година. Отфрлањето, како што појаснуваат од Судот, е поради тоа што веќе е одлучувано по оваа иницијатива и затоа нема основи за поинакво одлучување. Иницијативата е поднесена од Народно движење за Македонија и граѓани од Скопје.
Судиите не поведоа постапка по иницијативата поднесена на Законот за заштита на населението од заразни болести и Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата и кадарот, начинот и средствата за вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи