-->
-->
Најмалку 14 загинати при напади врз минибус со странци во Кабул
-->

Најмалку 14 лица загинаа, а осум други се ранети утрово при самоубиствен бомбашки напад во Кабул, соопшти авганистанското Министертсво за внатрешни работи.
Во соопштението се наведува дека цел на нападот бил минибус со кои патувале непалски државјани, ангажирани од една американска служба за обезбедување.
Одговорност за нападот презедоа авганистанските талибанци, чиј портпарол соопшти дека акцијата била извршена „против агресивните сили во Авганистан“.
Ова е прв напад во Авганистан од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан на 6 јуни.
Последниот поголем напад во Кабул, за кој одговорност исто така презедоа талибанците, се случи на 19 април, при што загинаа 64 лица, а над 340 беа ранети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
