Си-Ен-Ен: Можно е ИД да подготвува напади со голем број жртви
Американските разузнавачки служби проверуваат информација, според која, џихадистичката група Исламска држава (ИД) можеби се подготвува за извршување напади во кои би имало голем број жртви, јави Си-Ен-Ен.
Според телевизијата, досега преовладуваше мислењето дека ИД е фокусирана само на „помалку амбициозни“ напади, кои ги извршува едно лице или помала група вооружена со лесно оружје, додека акциите со голем број жртви, повеќе се сметаа како карактеристика за терористичката мрежа Ал Каеда.
Меѓутоа, некои американски разузнавачи сметаат дека во рамките на ривалството со Ал Каеда за привлекување поголем број приврзаници, ИД сега работи на планови за изведување напади со голем број човечки жртви.
Аналиитчарите истакнуваат дека ИД и натаму привлекува значителен број нови борци надвор од Сирија и Ирак, додавајќи дека приливот на странски добоволци во т.н. „Исламсии Калифат“ не се намалил и покрај воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз позициите на џихадистите.
Експертите проценуваат дека ИД во моментов има меѓу 20 и 30 илјади борци, колку што имаше и пред почетокот на воздушните напади, иако при бомбардирањата на меѓународната коалиција загинаа неколку илјади џихадисти.
Од друга страна, американски воени извори тврдат дека напорите на Западот за обука на „умерените бунтовници“ во Сирија не ги даваат саканите резултати. Според неофицијални извештаи, околу половина од обучените бунтовици „исчезнале“ по завршувањето на обуката. Дел од нив дезертирале, а дел биле заробени од припадници на ривалските исламистички бунтовнички групи.
Сепак, американската Администрација, наведува дека обуката на умерените сириски бунтовници и воздушните напади даваат резултати, бидејќи во последниве месеци ИД загубила околку 30 проценти од територијата што беше под нејзина контрола, пред се во северниот дел на Сирија.
Ново на Сител
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
-
777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
-
При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо
-
Се испитуваат причините по повредата на дете предизвикана од пад на гранка од дрво во Карпош
-
Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2 проценти