Живот
19. јуни 2016 - 15:00

Мораше да абортира во осмата недела, а потоа ги изненади лекарите

Сејди Бритл (32) е фризерка од Англија која во април го загубила бебто во осмата недела од бременоста. На почетокот на јуни отишла повторно на преглед и докторот кој и потврдил дека цело време носела близнаци и дека бременоста продолжила и носи уште едно здраво дете.

Сејди и нејзиниот сопруг Гери кои веќе имаат ќерка Самер заминале на одмор во Шпанија за да се одморат од се. На Сејди не и било добро на работа, имала мачнини, а била и психички вознемирена поради абортусот и еден ден паднала и во несвест.

На пат кон Шпанија забележала дека нејзиното тело се менува и дека стомакот и расте.

На почетокот мислела дека тоа се последици од хормоналните промени во телото од минатата бременост и дека ќе поминат со тек на време. Докторите во Шпанија и рекле дек станува збор или за близнаци или дека по абортусот и останле уште некои ќелии кои го збунуваат телото и поради тоа доживува промени како да е бремена.

Foto Printscreen

Набрзо се вратиле во Англија на детални прегледи. Збунетите доктори утврдиле дека сето време во неа растел мал по потполно здрав фетус и дека таа била бремена со близнаци. Со оглед на тоа дека бременоста била надвор од матката, другото дете не можело да се види на ехо.

На новиот ултразвук се слушале отчукувањата на срцето на бебето што ги воодушевило родителите.

Двојката била рпесреќна што по трагичната ситуација им стигнало малото чудо. Мајката направила уште еден тест за бременост и не можела да поверува во резултатот. Тестот бил позитивен.

Сејди се породила и го добила синот Тед кој денекса е прекрасно момче и има 3 години.