Македонија
9. August 2015 - 11:48

Премиерот Груевски во посета на преспанско-демирхисарскиот регион

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на преспанско-демирхисарскиот регион.

Според агендата премиерот ќе присуствува на пуштањето во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Демир Хисар.

Потоа на пуштањето во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Ресен.

Попладнево во Ресен ќе биде пуштено во употреба и тениско игралиште, а премиерот Груевски ќе ја посети и новоизградената плажа во Стење.