Велосипедска тура по падините на Галичица
На падините на Галичица денеска ќе се одржува трета по ред велосипедска тура „Tour de Galicica“, во организација на велосипедското друштво „Преспа бајк“ од Ресен.
Настанот е поддржан од Општина Ресен и од SWG (меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на западен Балкан). Организаторот очекува да учествуваат над 400 велосипедисти од Македонија и од Албанија. Почетокот на ревијалната велосипедска тура е во 9 часот од плоштадот во Ресен.
- Промовирајќи ги универзалните вредности на здраво живеење, велосипедистите во Преспа ќе имаат одлична можност да ги запознаат убавините на Националниот парк „Галичица“ низ кој на оф-роад патека ќе возат 35 километри. Останатите 35 километри ќе ги возат низ локалните патишта во Ресен, најави организаторот.
Општина Ресен заедно со SWG преку програмата „Луѓе за луѓе “ оваа година обезбеди оперативна помош за реализација на „Tour de Galicica“. Ангажирани се локални водичи кои ќе ги придружуваат велосипедистите, како и горска служба за спасување од Црвениот крст во Охрид, која за време на настанот ќе биде распоредена на планината Галичица.
За учесниците, кои доаѓаат од сите краишта на Македонија, поставен е базен-камп на плажата пред хотелот „Лејк Вју“ во Отешево, каде од вчера логоруваат во шатори. Во пресрет на турата, вчеравечер во Отешево беше организиран и музички хепенинг за учесниците.
Ново на Сител
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори
-
Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци