Вработен во „Мосак Фонсека“ уапсен во Швајцарија за грабеж на податоци

Компјутерски техничар во панамската правна фирма „Мосак-Фонсека“ е уапсен во Швајцарија, осомничен за грабеж на голем број податоци од фирмата.
Техничарот чиј идентитет не се открива, бил уапсен во Женева, во една тамошна правна фирма, откако панамската компанија им доставила податоци на швајцарските обвинители.
Уапсениот се обвинува за крадење податоци, за недоволен пристап до службените документи и податоци и за прекршување на довербата.
Во арил годинава, илјадници документи „истекоа“ на необјаснет начин од „Моска Фонсека“ во јавноста, откривајќи илјадници случаи на формирање оф-шор фирми, најчесто за прикривање на приходите, или за перење пари, како и за изигрување на даночните обврски.
Панамската фирма тврди дека нема прекршено ниту еден закон, ниту дека уништувала документи, инсистирајќи дека сите операции на фирмата биле легални.
Засега не е јасно дали уапсениот во Женева е поврзан со аферата со „Панамските документи“ кои предизвикаа бранување низ светот и покренаа дестици истраги во исто толку држави.
Германскиот новинар Бастјан Обермајер, кој беше еден од првите кој ги виде документите од Панама, изјавил за еден швајцарски весник дека не верува оти уапсениот е оној кој ги провали тајните на панамската фирма.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
