Отингер: Брекзит ќе биде добар за ЕУ

Европскиот комесар за дигитално општество Гинтер Отингер смета дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе дозволи развој на нови перспективи и ќе даде нова динамика.
Еден од најголемите поддржувачи на Европската интеграција има сосема спротивно мислење од канцеларката Ангела Меркел и вицеканцеларот Зигмар Габриел кои што предходно упатија пораки дека излезот на Лондон од унијата ќе биде штетно за европската идеја.
Според Отингер во случај на „Брекзит“ Брисел ќе може да направи напредок во заедничката безбедносна политика, надворешните работи и антитероризмот затоа што Британија е еден од главните опоненти на понатамошната европска интеграција, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германскиот еврокомесар е еден од ретките членови на европската влада кој што дава јавни изјави пред британскиот референдум закажан за 23 јуни. Британските поддржувачи на излезот од ЕУ ја користат секоја изјава дадена од европските политичари во врска со референдумот за да покажат пред британската јавност дека ЕУ врши притисок врз островот. Изјавата на канцеларката Меркел дека ако излезе од ЕУ Британија потешко ќе може да ги добие бараните договори со ЕУ во Лондон беше оценета како закана и уцена од страна на Германија.
Покрај позитивните можности и Отингер смета дека британскиот излез може да донесе и неготивни работи како нови референдуми за излез во Данска и Холандија кои според него се евроскептични земји кои би можеле да го следат британското сценарио.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
