ОН: Децата мигранти во северна Франција принудени на криминал

Децата мигранти во северна Франција секојдневно се принудени на криминал и проституција за да си обезбедат место во мигрантските кампови или за да можат да отпатуваат во Велика Британија, соопшти денеса УНИЦЕФ.
Агенцијата на Обединетите нации наведува дека сексуалното искористување, насилството и принудната работа претставуваат постојана закана за децата, кои патуваат сами и ги повикува властите да сторат повеќе за да ги заштитат.
- Знаеме дека овој проблем датира од пред повеќе децении, но стана многу поекстремен и посериозен во текот на изминатата година со влошување на глобалната бегалска криза, изјави Мелани Теф, висок советник за хуманитарни прашања и политика на УНИЦЕФ во Велика Британија.
Голем број деца изјавиле пред претставници на УНИЦЕФ дека во заробеништво ги држат различни криминални групи, кои бараат откуп од нивните семејства, додека други се принудени да работат под речиси робовладетелски услови за да можат и натаму да ги платат своите патувања.
УНИЦЕФ наведува дека криумчарите им бараат од четири илјади до 5.500 фунти за да ги превезат до Велика Британија, така што децата бараат алтернативни начини таму да отпатуваат, при што некои се кријат во камиони ладилници.
- На децата не им е обезбедено школување, а повеќето ноќите ги минуваат во талкање и во обид да скокнат во некои од камионите со цел да стигнат до Велика Британија, рече Теф.
Таа додаде дека децата, кои живеат во мигрантските кампови често мораат да платат пристап до тушевите.
Децата во камповите во просек остануваат пет месеци, иако некои остануваат од девет месеци па и до повеќе од една година, нагласи УНИЦЕФ.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
