Фудбал
16. јуни 2016 - 9:18

ЕП 2016: Англичаните се степаа со полицијата!

Најмалку 16 се повредени а 36 уапсени откако француската полиција се судри со навивачите во градот Лил. 
Во соопштението на полицијата се вели дека 16 лица се повредени и хоспитализирани.
Припадниците на француската полиција за разбивање на деонстрации употребија солзавец за да ги растераат воинствените англиски навивачи пред мечот Англија и Велс на ЕП во фудбал. 
Како наведува агенцијата АФП, тројца Руси и еден Украинец ќе бидат протерани од земјата.
Депортирани се и 20 Руси а УЕФА претходно ги предупреди Англија и Русија дека ќе бидат исфрлени од првенството доколку нивните навивачи продолжат со дивеењето.
 
 

Ново на Сител